Брза реакција на СВР Струмица по објава на нашиот портал

1 мин. читање

По објавата на нашиот портал за несовесен возач кој управува со моторно возило во градскиот парк (пешачка зона), до нашата редакција пристигна известување од СВР Струмица кое интегрално го пренесуваме:

Почитувани,
Во врска со видеото кое беше објавено на вашиот портал на 13.08.2026 година, во кое се гледа патничко возило кое се движи на пешачка патека во паркот во Струмица, Ве известуваме дека од страна на полициски службеници од СВР Струмица веднаш се преземени мерки и е откриен идентитетот на лицето кое го управувало возилото.
Имено, од преземените мерки е утврдено дека се работи за патничко возило „јагуар“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувала Л.Г.(22) од Струмица. На истата и е издаден платен налог за сторен сообраќаен прекршок согласно член 27 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а предвидената глоба е платена од нејзина страна.