Утре во Струмица посебен режим на сообраќај за време на „Струмица на улица – Sunday run 2026″

2 мин. читање

Во соопштение до медиумите, организаторите на манифестацијата „Струмица на улица“ го истакнаа следното:

Во недела, на 1 ноември 2026 година, во рамки на „Струмица на улица – Sunday run 2026“, ќе се воспостави посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Струмица.

Времетраење на посебниот режим важи од 10:00 до 13:00 часот.

Ќе биде воведен посебен режим на сообраќај и затворање на улиците и булеварите на дел од бул. „Ленинова“, делница од кружната крстосница со ул. „Цветан Димов“ и ул.„Браќа Миладинови“ до крстосница со бул. „Маршал Тито“, на бул. „Маршал Тито“, бул. „Балканска“, дел од ул. „Маршал Тито“, делница од кружна крстосница со ул. „Крушевска Република“ до крстосница со ул. „Елка Јанкова“ и дел од бул. „Гоце Делчев“, делница од кружна крстосница со бул. „Балканска“ до кружна крстосница со ул. „Младинска, во согласност со законската регулатива за планирање и проектирање од областа на сообраќајот.

За време на трката, сообраќајот ќе биде регулиран и насочуван од страна на службените лица на СВР Струмица и волонтерите од организацискиот тим. Ќе биде поставена соодветна сигнализација за пренасочување на возилата.

Апелираме до граѓаните за разбирање и почитување на привремениот сообраќаен режим, со цел безбедно одвивање на трката и успешна реализација на настанот.