Операција „Спојувалка“ – од „талог“ до „елита“

3 мин. читање

Операцијата „Спојувалка“ (Operation Paperclip) започнува во 1945 година и официјално е одобрена од претседателот Хари Труман. Во оваа операција САД регрутирале над 1.600 германски научници, инженери и техничари со цел нивното непроценливо знаење во аеронаутиката и воената индустрија да се искористи за развој на САД. Единствениот проблем бил што тие луѓе биле членови на нацистичката партија и дел од нив биле во нинбершките процеси како сведоци, испитувани па дури и се водела обвинителна постапка. Така започнува процесот на американските власти на бескрупулозно прекројување на биографиите и срамно замижување пред воените злосторства со што се успеа да се измијат гревовите на некогашните нацистички функционери, претворајќи ги архитектите на уништувањето во Европа во славени пионери на американскиот технолошки напредок.

Дали има морални дилеми во овие случувања? Секако дека има, но… Некој го видел потенцијалот што го носат тие луѓе и наместо да ги остави да бидат прогонувани, осудени или егзекутирани им дал нова цел, нова задача дури и нова смисла. „Талогот“ на нацистичка Германија го претворил во „Елита“ на најсилната демократија од тоа време САД. Олицетворение на тој „некој“ е 33 претседател на САД Труман кој официјално ја одобрува таа операција но можеби уште поголема поддршка овие луѓе добиваат во времето на 34 претседател Ајзенхауер но и Кенеди па и останатите после нив, односно „системот“ кој го сосдавале ови луѓе.

Каде е нашиот Ајзенхауер? Каде е нашиот Кенеди?

За жал, ние немаме такви лидери. Кај нас тие што треба да бидат лидери, да ги помируваат и поведат луѓето во вистински правец, се сосема спротивното. Едниот нè дели на „талог“ и „елита“, нормално себе сместувајќи се во елитата. Друг земајќи улога што не му е дадена дели на „добро“ и „зло“, нормално сместувајќи се себе во доброто. И не е прашањето дали има „талог“ или „зло“ во општеството, сигурно дека има, но зошто „системот“ односно „лидерите“ не можат да создадат нова смисла. Дали им одговара да го држат „талогот“ и „злото“ за да имаат свои противници и дали и тие би ја изгубиле својата смисла ако ги нема нив?

И еден куриозитет на кој дополнително ќе се навратиме. Дел од операцијата „Спојувалка“ е и Вернер фон Браун, човекот кој работел на V2 ракетниот погон кој се користеше за напад на Лондон од страна на нацистичка Германија, но и за да го однесе човекот на месечината преку Аполо мисијата на НАСА.