Општина Струмица: Долговите од минатото ја одложија исплатата за изборните органи

2 мин. читање

Општина Струмица соопшти дека одговорно ги извршува обврските кон граѓаните, но дека тековните исплати се ограничени поради наследени долгови и лошо финансиско менаџирање од претходниот период. Како главен проблем се посочува Буџетот за 2025 година, во кој за изборни дејствија била предвидена само една десетина од потребните 11 милиони денари.

Додека Општината тековно репрограмира и враќа стари долгови и камати од 2024 и 2025 година, надлежните уверуваат дека средствата за граѓаните кои беа дел од избирачките одбори веќе се подготвуваат. Исплатата ќе се реализира на нивните сметки веднаш со првиот следен буџетски прилив, со што локалната самоуправа останува посветена на исполнување на препораките и покрај тешката финансиска состојба.

Според изјавата следува дека постои оштетена страна, а се знае и кривецот за истото. Во кривичниот законик член 353-в стои дека: Службено лице или одговорно лице во јавно претпријатие или јавна установа кое со повреда на законските прописи за судир на интересите или за совесно постапување при вршењето на дискреционо овластување, со пропуштање на должен надзор или на друг начин очигледно несовесно постапува во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

После сѐ остануваат прашањата: Зошто моменталната администрација ги штити криминалите на претходната? Зошто граѓаните не се приоритет? Кога ќе бидат исплатени? Дали се потврдува дека хиена на хиена не напаѓа?

Извор:
Facebook страна на Општина Струмица