Џорџ, ти си пионер на рап музиката во Струмица, како започна приказната?
- Уфф кога станува збор за музика, припаѓаш во бесконечност. Желба преголема да снимаш, да пишеш визуелна текстуална приказна, едноставно тоа е од внатре жар што тлее и не згаснува. Па негде 2002 година се снимаше првата песна па сѐ до ден денес… со исклучок паузи.
Кои се хероите/идолите на почетоците?
- Како прво немам идол, уште од дете слушав премногу музика, премногу артисти, ќе почнам од рок, панк, хард кор, метал и ќе завршам со рап. Единствена платформа ми беше само рап музиката ззшто условите беа ограничени. Сега имаме сѐ па да би можел да се вратам назад а да имам сѐ би било многу лесно. А замисли толку многу упорност имаше за да се снимаат песни и да се собираме низ цела Македонија, зборам за артисти млади и желни за дружба настапи….преубаво… е сега имаме сѐ а нема артисти, нема желба и нема дружби.

Кое е авторското творештво на ФАРСА?
- Фарса ти е псевдоним извадок од лаги, бесмислени работи, како да наштетиш некому, а да не знае за тоа… текстови и теми разработени безброј. Творештото ми е како олеснување на менталното здравје, лек за брз живот хаха… кога твориш стрикно за бит мора да ти е скоцкано, мора по текстуален такт, да биде разбирливо и на крај издраматизирано. Се водам по правила.
Ланец песната ја објавивте пред да заминеш во странство, Кажи ни збор два, околу заминувањето и стиховите кои ги напиша во тој период?
- Песната е напишана за ситуација која уште преовладува. Ова заминување беше тешко, жално се одвоив од семејството ќерка ми беше 2 години па… не сакам многу да отварам душа за тој период.
Мајки плачат ги испраќаат, свесно знаат не се враќаат…
Осамени сите жални фаци се молат дома да се арни…
И сите си одат се водат за рака
создаваат ланец од мака…
Зошто одлучи да се вратиш?
- Да заминав и живеев во повеќе држави низ Европа. Се вратив затоа што ако ги ставиме на вага парите и среќата, среќата повеќе ќе тежи од парите. Парите секогаш не се битни. Ситуацијата налагаше да се вратам од X причини и да продолжам понатаму.
Што работи сега ФАРС?
- Фарсата сега отвори сопствен бизнис VATOS FOOD. VATOS бурито е вкусна креација лично од мене, секое бурито има стил вкус и идентитет. Комбинација од различно месо и сосови создава среќни чуства. Што е битно, на крајот од денот – што си внесол во организмот така и ќе се чуствуваш, така и ќе легнеш.

Се спрема ли нешто на музички план?
- Оууу да…и те како… Се спрема проект заедно со ДРАГИ од Скопје истакнат продуцент и артист. Се снима и има веќе четири песни готови снимени, а уште три се на пат… едвај чекам да снимам.
Што е тематиката на новиот материјал?
- Како и секојпат сум против системот, пази против акумулираниот систем создаван преку 30 години. Ние сме хибридна држава па така дојде идејата и целосната тематика да опишам преку творештво како живееме моментално. Стилот на музиката и изразувањето е исто така хибрид за да може да се врзе цела ситуација во албумот наречен ХИБРИД НАЦИЈА!
Кога е официјална промоцијата и пуштање на новиот материјал?
- Веќе има пуштено една песна низ музичките платформи „Спиеш ли мирно?“ Па некаде до нова година треба да биде сработен цел проект, а за дата ќе утврдиме понатаму.