Министерството за финансии распиша аукција на двегодишни граѓански обврзници без девизна клаузула во износ од 100.000.000 денари, наменети за физички лица – државјани на РСМ. Номиналниот износ на една обврзница е 10.000 денари, а купонската каматна стапка изнесува 4,60%.
Физичките лица можат да поднесуваат понуди кај банките од 18.11.2026 до 01.12.2026 година, додека аукцијата ќе се одржи на 03.12.2026 година. Датумот на уплата е 11.12.2026 година, а обврзницата достасува на 11.12.2028 година, со исплата на купоните на 11.12.2027 и 11.12.2028 година.
Извор:
– Министерство за финансии на Република Северна Македонија