Пред една година и еден месец односно на 23.09.2025 Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј–Струмица“ потпиша договор за реализација на основен проект за изведба и довршување на Стар Театар–Струмица со „Друштво за производство, промет и услуги СТЕНТОН ГРАДБА“ ДОО с. Долно Оризари, Битола. Вредноста на договорот изнесува фантастични 164.142.720 или околу 2,6 милиони евра.
Оваа година односно на 09.10.2026 г. НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица“ потпиша нов договор со истиот правен субјект за реализација на основен проект за изведба на потпорен ѕид на Стар Театар Струмица. Вредноста на договорот е 10.650.327,18 денари или околу 170.000 евра. Инаку станува збор за изведба на потпорен ѕид на ул. „Кочо Рацин” Струмица (над Стариот театар во Струмица) односно позади театарот. Приближно габаритот на потпорниот ѕид е 20 метри ширина и 5 метри висина.
Вкупната вредност која граѓаните ја платиле за театарот веќе достигна износ од над пет милиони евра. Според пазарот на недвижнини на Балканот тоа е колку да се купи еден луксузен хотел на Халкидики на егејското крајбрежје. Зошто институциите за прогон досега не отвориле случај за изградбата на стариот театар е навистина симптоматично. Ако некогаш се запрашате, зошто бедемите на Цареви кули над Струмица, уште стојат неизградени според планираниот проект, сетете се на сумата со која ќе треба да се излие бетонскиот ѕид зад Старо-новиот театар.
Извори:
– Систем за е-набавки
– Претходниот тендер
– Хотел на Халкидики