Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави , Бил Клинтон во една изјава кажува дека Борис Елцин во 1996 година имал операција на отворено срце при што помогнал во тој дел.
„Додека бев претседател испративме тим од доктори и друг медицински персонал за да дадат подршка на рускиот тим од доктори , не затоа што им требаше хируршка помош, тие беа многу добри во операциите на срце, туку бидејќи економијата беше во премногу лоша состојба, толку слаба да тие не беа во состојба да ги одржат основните суперстерилни услови во болниците и поради тоа ние испративме воена единица со целосна техничка подршка,, изјави Бил Клинтон.
Д-р Ренат Акчурин го предводел тимот од 12 руски специјалисти кои ја извршиле седумчасовната операција за петкратен срцев бајпас во московскиот кардиолошки центар во централната московска болница.
Реномираниот американски кардиохирург д-р Мајкл Е. ДеБејки (Michael DeBakey) обезбеди клучно второ мислење. Тој дал мислење дека Елцин може да ја преживее процедурата откако претходно ќе се лекува од анемија и намалена функција на штитната жлезда, и ја набљудувал операцијата заедно со други меѓународни специјалисти.