Иницијативниот одбор за линеарно зголемување на пензиите, повторно побара сите пензионери да добиваат исто покачување во денари, наместо процентуално покачување.
Нивниот аргумент е дека ако пензијата се зголеми, на пример, 3%, оној со 20.000 денари ќе добие 600 денари, оној со 40.000 денари ќе добие 1.200 денари.
Со тоа, разликата меѓу пензиите уште повеќе ќе се зголемува.
Затоа тие бараат линеарно покачување. Ако државата одреди +1.000 денари, секој пензионер да добие +1.000 денари, без оглед дали има 20.000, 30.000 или 50.000 денари пензија. Тие сметаат дека висината на пензијата веќе ги одразува работниот стаж, платите и другите критериуми од работниот век, а трошоците за живот по пензионирањето се исти.
Во Македонија постои групи на пензионери најпогодени од инфлацијата и сиромаштијата. Некои едвај успеваат да го преживеат месецот заради огромните шок-цени во маркетите и основните продукти за живот.