Не стивнуваат реакциите за фестивалот за Камерен театар ,,Ристо Шишков”

1 мин. читање

Не стивнуваат реакциите во јавноста по повод бојкотот и протестот на актерите и културните работници заради организацијата на традиционалниот фестивал на Камерен театар ,,Ристо Шишков.”

Фестивалот „Ристо Шишков“ да се институционализира и со него да управува поширок круг театарски дејци, ова е главното барање на струмичкиот театар.

Според нив, парадокс е фестивалот што го создале нивни колеги денес да функционира без претставник од „Антон Панов“. Долгогодишниот ист управувачки концепт отвора сомнежи во неговото работење.

Како спорен се посочува и составот на Советот. Во него, според податоците со кои располагаат, сè уште фигурира актерот и поранешен министер за култура од редовите на СДСМ, Благој Стефановски, кој беше на функција од 2002 до 2006 година, иако починал пред шест години.

Од „Антон Панов“ бараат одговор и зошто градоначалникот на Струмица повеќе не е претседател на Советот. Општина Струмица со години е веќе главен спонзор на овој фестивал за кој секоја година издвојува средства од буџетот.