ЈПКД „Комуналец“ – Струмица ги започна подготвителните активности за инсталирање нов озонатор во Филтер станицата, клучната постројка во која се врши пречистувањето на водата за пиење за градот и околните населени места. Оваа инвестиција е неопходна бидејќи постојната опрема за озонирање е поставена уште во 1999 година и нејзиниот работен век е при самиот крај.
Новиот уред е со капацитет од 2,2 килограми озон на час и ќе овозможи значително поефикасно пречистување, гарантирајќи повисок квалитет на водата за сите домаќинства. Новиот озонатор исто така има и помала потрошувачка на електрична енергија.