Букурешкиот мировен договор е потпишан на 10 август 1913 година во главниот град на Романија, Букурешт. Со овој договор формално е ставен крај на Втората балканска војна. Договорот е склучен помеѓу поразената Бугарија од една страна и нејзините дотогашни сојузници – Србија, Грција и Црна Гора, на кои им се приклучила и Романија, од друга страна.
Овој широк сојуз против Бугарија бил директна последица на нејзиниот претходен потег. Незадоволна од поделбата на териториите (особено во Македонија) по крајот на Првата балканска војна. Со потпишување на договорот македонската територија била распарчена меѓу соседните балкански држави:
Мал дел (областите Голо Брдо, Мала Преспа и Пустец) ѝ бил доделен на новосоздадената држава Албанија.
Егејска Македонија ѝ припаднала на Грција (најголемиот дел, над 50%).
Вардарска Македонија ѝ припаднала на Србија (околу 39%).
Пиринска Македонија ѝ припаднала на Бугарија (околу 9%).
Извор:
– Wikipedia – Treaty of Bucharest