Интервенција на главниот цевковод во Струмица без прекин во водоснабдувањето

1 мин. читање

Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ – Струмица ја известува јавноста дека поради дефект на главниот цевковод на Филтер станицата, дежурните екипи веднаш излегоа на терен и пристапија кон негова санација.

Со цел да се обезбеди континуирано снабдување со вода за пиење додека трае поправката, во тек е изработка на временски бајпас систем. Од претпријатието уверуваат дека граѓаните нема да се соочат со прекин на водоснабдувањето, бидејќи градот во моментов непречено се снабдува од резервоарите на водоснабдителниот систем.

Според проценките од ЈПКД „Комуналец“, се очекува до крајот на денот целосно да се префрли водоснабдувањето преку новиот цевковод, за што јавноста ќе биде дополнително и навремено информирана.

Извор:
Facebook страна на ЈПКД Комуналец – Струмица