Секторот за внатрешни работи Струмица синоќа реализираше успешна полициска акција во борбата против недозволената трговија со дрога, при што е лишен од слобода 48-годишен струмичанец кај кого е пронајдено поголемо количество на различни наркотични средства.
Акцијата била спроведена на 14 јули во 22:05 часот, кога полициски службеници од СВР Струмица го уапсиле лицето Љ.Ѓ. (48) од Струмица. По претходно обезбедена судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што полицијата пронашла и одзела пакувања со кокаин, хероин и марихуана, 400 семки канабис, шприц исполнет со течност, дигитална вага со остатоци од прашкаста материја и други предмети.
За настанот веднаш бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против Љ.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.
Извор:
– Facebook страна на МВР