,,Алиса во земјата на чудата” – најубавите работи во животот често не се планирани — тие едноставно се случуваат.

2 мин. читање

Најубавите работи во животот често не се планирани — тие едноставно се случуваат. ,,Алиса во земјата на чудата” е еден доказ за тоа.

Позната приказна… Можеби најубавата и највпечатливата од вашето детство.

Почнала како обична измислица за да не се досадува едно девојче на чамец.

4 јули 1862 година. Топол летен ден. Реката Темза кај Оксфорд мирно тече, а на еден чамец веслаат писателот Луис Керол, неговиот пријател Робинсон Дакворт и три девојчиња — меѓу нив и малата Алиса Лидел, ќерка на негов близок пријател.

Патувањето траело со часови, а Алиса, знаејќи дека Керол е одличен раскажувач, побарала од него приказна за да ѝ помине времето.

Без претходен план, тој почнал спонтано да измислува свет во кој едно девојче паѓа во дупка од зајак и завршува во бесмислена, магична земја полна со луди чајанки, насмеани мачки и карти што зборуваат.

На Алиса толку многу ѝ се допаднала приказната, што побарала Керол да ја запише. Тој послушал — и три години подоцна, во 1865 година, светот ја добил книгата „Алиса во земјата на чудата”, една од најпреведуваните и најсакани детски книги во историјата.

Интересно е што целата приказна започнала од еден спонтан момент, на еден обичен летен ден, без никаква претстава дека ќе стане класика што ќе се чита и повеќе од 160 години подоцна.

Понекогаш најголемите работи во животот доаѓаат токму вака — неочекувано, спонтано, од желба само да се насмее и усреќи некој друг.

А вие? Се сеќавате ли на ,,Алиса во земјата на чудата” од вашето детство?

Но уште поважно — дали некогаш ви се случило нешто убаво и неочекувано, токму кога најмалку сте очекувале?

(Илустрација: Џон Тенил (1865), јавен домен / Wikimedia Commons)

Извор: Wikipedia — “July 4” & History of Alice’s Adventures in Wonderland