Благодарение на брзата и професионална реакција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица, спречена е поголема штета при пожар што синоќа избувна во струмичкото село Пиперево.
Инцидентот се случил во неделата навечер (7 јуни), околу 22:00 часот, кога од засега неутврдени причини пламнала импровизирана штала. На местото на настанот е причинета материјална штета, но за среќа, нема повредени лица.
Веднаш по добивањето на дојавата, ТППЕ Струмица излезе на терен со едно противпожарно возило и тројца пожарникари-спасители.
Ова е уште една во низата успешни интервенции на струмичките пожарникари, кои уште еднаш ја покажаа својата будност и подготвеност за брзо делување во критични ситуации.