Доаѓа летото – време за освежување со пиво

2 мин. читање

Температурата полека се зголемува. Деновите стануваат подолги. Летото е на прагот. За пријатна вечерна дружба со пријателите или пак за дружба во природа со скара, вистинскиот пијалок е клучен за убава забава.

Пивото е алкохолен пијалок кој се добива со ферментација на житни растенија (јачмен, хмељ). Потекнува од древна Месопотанија пред 6000 години. Во Европа монасите во манастирите го усовршиле процесот на производство и го додале хмељот како состојка кој има улога на конзерванс и му дава горчлив вкус на пивото. Освен за гасење на жедта го користеле и како храна и го сметале за еден од основните хранливи продукти затоа што содржи жито, квасец и вода исто како лебот. Енергетската вредност на 1 литар стандардно пиво одговара на енергетската вредност на 1 литар полномасно млеко.

Денес во Европа лидери по консумација на пиво по глава на жител се Чесите со 150 литра по човек додека во Македонија е околу 35-40 литра пиво по човек. Во 2021 година во Македонија се испиени 74 милиони литри пиво.

Германија е лидер во Европа по вкупната потрошувачка на пиво и се гордее со своето признание како нација која обожава пиво. Имаат фестивал на пивото Октоберфест кој привлекува милиони посетители на годишно ниво. Минатата година се послужиле 6,5 милиони еднолитарски кригли.

Интересен факт е за светското првенство во футбал 2006 година во градот Гелсенкирхен во Велтинс арената дом на ФК Шалке 04, изградено е 5000 метри пивовод да го снабдува стадионот со свежо пиво. Под стадионот се наоѓаат 4 резервоари со капацитет од 52 000 литри пиво кое преку цефки оди до трибините каде се точи од славини.

 Мора да се напомене дека пиењето алкохол може да биде штетно по здравјето. Се препорачува одговорно да се конзумира.

Автор:
Др. Дарко Котев е специјалист по хигиена и јавно здравје. Има искуство со… повеќе