Патократија

2 мин. читање

Патократија потекнува од грчките зборови pathos (болка, страдање) и kratos (владеење) и претставува форма на владеење на мала патолошка група врз мнозинството. Белезите на една држава со патократски систем на владеење се: централизирана контрола, корупција, супресија на културата и креативноста, екстремна нееднаквост помеѓу богатите и сиромашните слоеви, супресија на слободната мисла и цензура, нетолерантност према различностите, нееднакво спроведување на правдата за сите (ако сте богати и влијателни за вас законот не важи, дури и се прилагодува на вас). Општеството во патократија губи осет за морал и правда затоа што оние кои ги носат одлуките се водат од личниот интерес, недостаток на емпатија и желба за доминација.

Концептот за патократија го има развиено полскиот психолог Andrew Lobaczewski кој во младоста животот му поминал во суровата нацистичка окупација на Полска проследена со бруталната окупација на СССР во поствоениот период.

Lobaczewski го посветил својот живот на проучување на човечкото зло, област која ја нарекол „ponerology. Тој сакал да разбере зошто „злите“ луѓе изгледа како да просперираат, додека добрите и морални луѓе се мачат за да успеат. Сакал да сфати зошто луѓето со психолошки нарушувања толку лесно се искачуваат на позиции на моќ.

Повеќе од 95% од луѓето се луѓе кои никому не посакуваат зло, но под одредени околности оваа група се претвара во опасна маса предводена од мала психопатска група. И се што е потребно за злото да победи е добрите луѓе да не прават ништо.

Бидејќи и самиот живеел под патократски режим, тој преземал големи ризици проучувајќи ја оваа тема. Бил уапсен и мачен од полските власти и не успеал да го објави своето животно дело, книгата „Политичка понерологија“, сè додека не пребегал во Соединетите Американски Држави во текот на 1980-тите.

Извор:
Political Ponerology