Првите библиотеки настанале уште пред многу илјади години. При ископувањето на древниот град Ур во Месопотамија, научниците откриле глинен печат. Имал цилиндрична форма со натписи, а потекнувал од 800 година п.н.е. и можеби припаѓал на првата Библиотека.
Веќе околу 700 година п.н.е. народот на Месопотамија имал добро уредени библиотеки по своите храмови и палати.
Книгите во овие први библиотеки биле глинени плочки испишани со клинесто писмо. Илјадници такви плочки, распоредени по области, сочинувале збирки што ги претставувале првите вистински библиотеки.
Една од нив, таканаречената Асурбанипалова библиотека, со околу 22 000 глинени плочки, денес се чува во Британскиот музеј во Лондон.
Јавните библиотеки, какви што ги познаваме денес, првпат се јавуваат во Англија во 19-тиот век. Со еден пропис од 1850 година англискиот Парламент одобрил основање на јавни библиотеки. Оттогаш библиотеките ги има достапно за јавноста низ целиот свет.