Ви звучи познато?
Луѓето кои што ќе се изгубат во магла, или во снежна бура, често со часови одат во круг, замислувајќи дека одат во определена насока.
По некое време тие стигнуваат точно на она место од каде што тргнале.
Зошто не можеме да одиме право без помошта на нашите очи?
Затоа што нашето тело е асиметрично.
Тоа значи дека не постои совршена рамнотежа помеѓу нашата лева и десна страна. Ако се набљудуваме во огледало ќе забележиме дека десната половина од лицето ви е поразвиено од левата. На пример, срцето е на левата страна, а џигерот на десната. Костурот на нашето тело е исто така асиметричен. ‘Рбетот не е совршено прав. Нашите бедра и нашите стапала не се исти на едната како и на другата страна.
Сето тоа значи дека структурата на мускулите во нашиот организам е асиметрична и не е во совршена рамнотежа. Кога ќе ги затвориме очите, контролата на нашите чекори зависи од мускулите и од структурата на нашето тело, а едната страна нè тера да свртиме во некоја насока.
Во психолошка смисла, човекот исто така може постојано да се врти во круг. Амбиција, заслепеност од кариеризам, рутина на секојдневието, формално постоење во овој свет, го води човекот во еден маѓепсан круг од кој тешко може да се излезе.
На крајот се враќаме на истото место од што каде сме почнале.