Во светот 70 земји или околу 1.6 милијарди од светската популација се префралаат од зимско на летно сметање на времето. Во Европа скоро сите земји (со исклучок на Русија, Белорусија и и Исланд) и најголемиот дел од САД и Канда го менуваат времето. Поголемиот дел од Азија, Африка и Латинска Америка не ја користи оваа практика. Некои земји како Кина, Индија, Јапонија, Бразил и Египет ја имаат укинато или никогаш не ја вовеле. И покрај широко прифатеното летно сметање на времето, истражувањата го поврзаа поместувањето на стрелките на часовникот нанапред во пролетта со намалување на спиењето, проблеми со будноста и ангажираноста на работа. Уште посериозно, втората недела во март бележи пораст на бројот на срцеви удари и фатални сообраќајни несреќи.
Тимот на научници разгледал три различни временски модели – трајно стандардно време, трајно летно сметање на времето и сегашниот модел, поместување на стрелките на часовникот двапати во годината – и го анализирале нивното влијание врз циркадијалниот ритам на поединецот користејќи математички модел. Поконкретно, тие го разгледале циркадијалното оптоварување, што е количината што внатрешниот биолошки часовник на една личност (т.е. нивниот циркадијален ритам) мора да се прилагоди за да го одржи 24-часовниот ден, користејќи ја основната телесна температура како фазен маркер. Инаку главен хормон одговорен за сонот е мелатонинот, кој го произведува човечкото тело и го регулира циклусот на будност и спиење. Излачувањето започнува некаде околу 21 часот, а врвот го достигнува од 2 до 4 наутро.
Временските периоди на изгрејсонце и зајдисонце варираат. Повеќе западни земји доживуваат подоцнежни изгреви и зајдисонца отколку повеќе источни земји во нивните соодветни временски зони, додека оние подалеку на север доживуваат пократки денови во зима и подолги денови во лето. За да се обезбеди фер споредба, „индивидуалецот“ симулиран низ земјите и временските политики одржувал ригиден режим на спиење (од 22:00 до 7:00 часот) и фиксен распоред на работа (од 9:00 до 17:00 часот).
Потоа истражувачите ги споредиле резултатите со податоците на ниво на земји за преваленцата на здравствени состојби како што се рак, депресија, дебелина и мозочен удар.
Сепак, 15 проценти од популацијата што се идентификуваат како „утрински птици“ имаат природно пократок циркадијален циклус. Бидејќи повеќе вечерна светлина го продолжува нивниот циклус поблиску до идеалот од 24 часа, тие доживуваат најниско циркадијално оптоварување кога се менуваат часовниците. Другите хронотипови ги чувствуваат влијанијата на циркадијалниот ритам во поголема мера, заедно со оние што живеат подалеку на запад во нивната временска зона.
Ова може да биде проблем бидејќи циркадијалниот ритам што не е синхронизиран може да предизвика значителни здравствени проблеми.
Според истражувачите, префрлањето на трајно стандардно време може да доведе до намалување на дебелината за 0,78 проценти и мозочниот удар за 0,09 проценти.
Доколку сумираме со процентите во бројки, префрлањето на трајно летно сметање на времето би резултирало со 10 милиони помалку луѓе со дебелина и 1.4 милиони помалку мозочни удари.
Во земјите во ЕУ сеуште се дискутира за конечно укинување на промената на времето и земјите членки се уште не можат да се договорат дали трајно да останат на зимско или летно сметање на времето.
Што мислите вие?
