Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице во стечај и против 48-годишниот М.М. од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Според наводите на полицијата, пријавениот М.М., во својство на управител со неограничено овластување, со намера да одбегне плаќање на Данок на додадена вредност во текот на деловната 2025 година, постапил спротивно на законските одредби. Тој во поднесената даночна пријава не пријавил излезен ДДВ по општа даночна стапка во износ од 2.792.438 денари и по повластена стапка од 91.325 денари. Дополнително, во текот на истата година, за приходи остварени по две фактури во вкупна вредност од околу 200.000 денари, воопшто не бил пресметан соодветниот данок. Со ваквите дејствија, пријавените се стекнале со противправна имотна корист и го оштетиле државниот буџет за вкупен износ од 2.909.944 денари.
Извор:
– Facebook страна на МВР