Слобода на медиуми: ССНМ и ЗНМ – Славески со дисквалификации наместо одговори

1 мин. читање

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) упатија остар протест против недоличниот однос на гувернерот Трајко Славески кон новинарот на ТВ Канал 5. Наместо транспарентни одговори на прашања од јавен интерес, Славески возврати со потценување и инсинуации за „напади врз централната банка“, обидувајќи се да ги дискредитира новинарите кои ја извршуваат својата професионална должност.

Здруженијата предупредуваат дека ваквото однесување е недозволиво за носител на висока јавна функција и претставува директен напад врз демократската отчетност. ССНМ и ЗНМ бараат од јавните функционери да покажат повисоко ниво на институционална зрелост и политичка култура, потенцирајќи дека критичките прашања не се непријателски чин, туку алатка за заштита на интересот на граѓаните.

На локално ниво односот на претставниците на власта е уште полош. Навреди од вработени во Општина Струмица кои се најблиски соработници на градоначалникот, некои директори кои си ги живеат своите 5 минути на слава и власт кои сигурно не ги заслужуваат, до заплашувања дека сме следени и оперативно обработувани од државни институции.

Извори:
ССНМ
ЗНМ