По вчерашниот јавен повик на градоначалникот Петар Јанков за приклучување на сите граѓани кон иницијативата за позелена Струмица нашиот портал „моја Струмица“ го сподели известувањето и дава силна поддршка за овој настан. Но сепак беше рагирано за пошумувањето на ридот над градот, односно за целината која е дел од археолошкиот локалитет Цареви Кули.
Според укажаното станувало збор за ,,Миндал Мало” а не за локалитетот Цареви Кули. Всушност станува збор за првата тераса под Цареви Кули (акрополот) каде пред една деценија беа извршени археолошки истражувања од страна на НУ Завод и Музеј Струмица и беа откриени остатоци од објекти, кои сеуште се видливи на терен. Новите дрвца се посеани на овој простор, односно на самиот локалитет. Во прилог даваме видео од т.н. Миндал Мало