ЛУКА – документарец на Транзен

1 мин. читање

Филмот ЛУКА го прикажува животот на група млади музичари од Струмица, кои во кризни времиња за опстојување на алтернативната културна сцена, се борат да најдат начини за израз на својата музичка креативност и иновативност. Во времиња на бесконечна општествена транзиција, младите уметници се принудени да бараат алтернативни патишта за творење и презентирање на својата авторска уметност, а истовремено му пркосат на потрошувачкиот свет во кој владее „Тезгата“ како евтин и брз начин на практицирање култура, свет кој има негативно и погубно влијание врз развојот на автентичната и чиста авторска креација. Инструментите кои ги создаваат во своите ателјеа и импровизирани студија, наликуваат и на ликовни дела, на скулптури, нѐ навраќаат на времињата кога народниот анонимен гениј сам си ги создаваше четките и боите за да наслика слика, кога музичарот сам си го правеше инструментот за да го произведе звукот на својата музика.

Режијата е на Ице Виранов во продукција на Здружението за култура Транзен. Во филмот учествуваат Ставро Ангелаков, Џејд Бинева, Љубен Маџиров.

Извор:
Здружение за култура и развој на креативни индустрии ТРАНЗЕН