Сè поголем број вработени граѓани не можат да обезбедат достоинствен живот, а дури 30 проценти од младите под 18 години живеат во сиромаштија. Ова беа главните пораки од панел-дискусијата под мотото „СТОП за сиромаштијата“, на која учествуваше потпретседателот на ССМ и претседател на СГИП, Иван Пешевски, заедно со претставници на граѓанскиот сектор, синдикатите и младинските организации.
На настанот беа отворени прашањата за ниските плати, растечките трошоци за живот, работничките права, домувањето и социјалните услуги, со заклучок дека проблемот бара социјална правда, солидарност и еднакви можности.
Учесниците порачаа дека е неопходна нова стратешка рамка која ќе ги поврза институциите, експертите, граѓанското општество и граѓаните со непосредно искуство со сиромаштијата.
Извор:
– Facebook страна на МППС