Под мотото „Дарувај крв – спаси нечиј живот!“, во среда, на 10 јуни 2026 година, во просториите на Општина Василево со поддршка на градоначалникот Славе Андонов ќе се одржи голема крводарителска акција. Настанот е плод на соработката меѓу Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Струмица, Службата за трансфузиона медицина од Струмица и Општина Василево. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 09:00 до 14:00 часот, а наменета е како за вработените во локалната самоуправа, така и за сите граѓани кои сакаат да ја покажат својата хуманост.
Организаторите упатуваат отворен повик до сите хумани луѓе да се приклучат во што поголем број, нагласувајќи дека со овој гест заедно можеме да помогнеме да се обезбедат доволен број крвни единици за пациентите на кои им се најпотребни. Секоја капка крв значи живот, па затоа жителите на Василево и околните места се поканети уште еднаш да ја докажат својата хуманост на дело.
Извор:
– Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица