Есента е период кога туристичките дестинации се помирни, а температурите попријатни. Во Европа има многу градови кои блескаат токму во есен.
1. Охрид

Кога летната врева ќе стивне Охрид добива мирна романтична атмосфера. Градот во есен нуди прошетка помеѓу куќи, цркви, работилници по тесни калдрмени улици. Често го нарекуваат „Балкански Ерусалим” поради црквите и манастирите што ги има во околината на градот 365 по една за секој ден во годината.
2. Виена, Австрија

Град што ја комбинира царската историја со современ европски дух.
Парковите и градините околу градот се претвораат во море од жолти лисја, а времето е идеално за долги прошетки.
Виенската филхармонијата ја започнува својата нова сезона, овој период е полн со концерти и премиери.
Овде може да уживате во архитектурата на една монархија до зајдисонцето над Дунав.
3. Загреб, Хрватска

Ако имате план да го посетите Загреб есента е идеално време да го сторите тоа.
Горниот дел или “стариот дел” од градот ве враќа назад да го почуствувате готскиот период, со катедралата изградена во овој период. Околните кафулиња и мали ресторани создаваат топла и гостопримлива атмосфера.
Загреб во есен е полн со културни настани, концерти и изложби.