Сигурно сте слушале за познатиот „тест со маршмелоу”: на дете од 4 години му се нуди еднa слаткa, но ако издржи и почека, добива две. Класичната приказна вели дека децата кои успеале да почекаат пораснале во поуспешни тинејџери – подобри оценки, поголема самоконтрола, поубав живот.
Студија од 2018 година го провери ова тврдење врз многу поголема и разновидна група деца – и резултатот во голема мера не го потврди оригиналниот наод.
Што открила новата студија?
Наместо малата и селективна група на деца од универзитетот Стенфорд, новиот тим работел со 918 деца – десетпати повеќе од оригиналното истражување. Откривмеле дека врската помеѓу чекањето на 4-годишна возраст и успехот на 15 години е само половина толку силна колку што тврделе претходните студии. Дополнително, кога истражувачите ги земале предвид семејното потекло, раните когнитивни способности и домашната средина, дури две третини од таа слаба врска исчезнувала.
Вистинската порака:
Тестот со маршмелоу не е „разоткриен” целосно – поврзаноста сепак постои, но е многу послаба. Она што е навистина важно е дека способноста на детето да чека не ја мери само неговата волја, туку и условите во кои расте – образованието на родителите, стабилноста на домот, когнитивните стимулации во раното детство.
Со други зборови – кога мислевме дека гледаме „волја-силa”, всушност гледавме привилегија.
Размислете за тоа следниот пат кога некој ќе каже дека успехот е само прашање на самодисциплина.
Извор: Space Daily