Промоција на монографија и изложба на д-р Душко Цветанов

1 мин. читање

Голема заинтересираност на струмичани за промоцијата на монографија и изложба на д-р Душко Цветанов. Предговор имаа директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица Бранко Ѓоргиев, археологот Ване Секулов како и проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс кој му оддаде високи признанија на на д-р Душко Цветанов за сработеното. Видеото во целост може да го проследите на нашиот YouTube канал, а овде ви го пренесуваме емотивниот говор на д-р Душко Цветанов како и галерија од настанот.