Пожарот кај депонијата во близина на Ново Село брзо прерасна во сериозен пожар. Поради силниот ветер, високите температури и сувата вегетација, огнот брзо се прошири надвор од депонијата и ги зафати околните ридови и шумата.
Противпожарните екипи од ТППЕ Струмица и три „Ер трактори“ во исклучително тешки услови продолжуваат со гаснењето на стихијата. Пожарникарите-спасители ќе продолжат со активности и утре во утринските часови со посебен акцент на шумскиот пожар и спречување на неговото понатамошно ширење. Службите апелираат граѓаните да не се приближуваат до зафатеното подрачје поради големата опасност.
На Facebook страната на „Здрава Котлина“ е објавено видео од можните подметнувачи на пожарот. Дали конечно како општество ќе застанеме на патот на несовесните сограѓани?
Извори:
– Facebook страна на ТППЕ Струмица
– Facebook страна на „Здрава Котлина“