Обучени за подобра услуга – Министерството за јавна администрација

1 мин. читање

Во хотел „Сириус“ во Струмица денес се одржува генеричката обука „Обучени за подобра услуга“, во организација на Министерството за јавна администрација.

Обуката е наменета за унапредување на знаењата и вештините потребни за поквалитетно и поефикасно обезбедување услуги за граѓаните.

Во рамки на обуката се обработуваат повеќе значајни теми поврзани со работата во јавната администрација, меѓу кои менторството, комуникациските вештини, како и еднаквоста и недискриминацијата.

Настанот се одржува денес, 6 октомври 2026 година, со почеток во 11:00 часот, во хотел „Сириус“ во Струмица.