Властите во Косово донесоа одлука за итна забрана за увоз на живи овци и кози, како и производи од нив, по потекло од Македонија. Ваквата мерка доаѓа како реакција на официјалните информации за појава на заразни болести кај ситниот добиток во липковскиот регион.
Одлуката е донесена со цел да се спречи пренесување на заразата на територијата на Косово. Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) го подигна степенот на претпазливост и забраната не се однесува само на живи животни, туку и на нивните нуспроизводи, вклучително кожи и волна, како и на производи кои не се термички третирани. Одлуката стапува на сила веднаш.
Извор:
– Веб страна zemjodelie.mk