Улици чисти, беспрекорно.
Тротоари широки, без ниту една дупка.
Воздух, рај за бели дробови.
Вода, извор на живот ( за полезни и не толку полезни бактерии).
Народ, културен, љубезен, воспитан.
Голема сообраќајна култура и почитување на правила.
Пешаците се поздравуваат и со насмевка и без пцовка се пуштаат да поминат.
Паркинг места скоро и да нема потреба.
Кафе-библиотеки ја полнат чаршијата.
Места за младите да се забавуваат и да ја градат својата иднина.
Културни настани безброј.
Умни луѓе не се мешаат во политика.
Вработување само по способност, татко син не вработува без диплома.
Политика чиста и фер интелектуална борба.
Дебати во висок ораторски стил, музика за уши.
Паркови и зеленила и уште многу места за рекреација.
Неколку генерации живеат заедно и скоро да нема куќа со изселеник.
Животот во Струмица е идилија, само уште да не беше и илузија.