Во обид да ја покажат својата ефикасност и да ја оправдаат довербата (и парите) на граѓаните преку засилена медиумска промоција, ЈПКД „Комуналец“ Струмица направија класичен „ПР автогол“. Во најновата објава на социјалните мрежи, претпријатието гордо презентираше фотографии од тековно одржување на хигиената, но во преден план изби една сурова реалност: улицата што ја чистат нема асфалт.
Екипата на „Моја Струмица“ секогаш ги поздравува активностите кои придонесуваат за поубав и почист град. Основната дејност на ЈПКД „Комуналец“ е токму тоа – одржување на јавната чистота, сервис за кој граѓаните уредно плаќаат и очекуваат резултати на терен.