СВР Струмица поднесе кривична пријава против 50-годишниот Р.С. од Струмица, затворски полицаец, осомничен за неовластена продажба на дрога, недозволено држење оружје и муниција и кражба.
Р.С. бил лишен од слобода на 21 ноември во близина на Затворот Струмица, откако на работното место се обидел да продаде кокаин и кај него биле најдени три пакувања. При претреси во неговиот дом и во службените простории и ормар во затворот пронајдени се уште кокаин, марихуана, дигитална вага, вишок пиштолска муниција, како и паричник од пријавена кражба истиот ден.
По пријавата до ОЈО Струмица, на осомничениот му е одреден притвор во траење од 30 дена.
Извор:
– Facebook страна на МВР