Засилени инспекциски контроли во Струмица

2 мин. читање

Секторот за инспекциски работи при Општина Струмица спроведе засилена акција на терен во текот на месец ноември, со цел справување со загадувањето на воздухот и одржување на јавната чистота. Во периодот од 1 до 24 ноември 2025 година, инспекторите извршиле вкупно 43 вонредни инспекциски надзори.

Акцијата резултираше со обезбедување на докази за кривичен прогон, особено за непрописно фрлање отпад. Фокусот на инспекторите бил ставен на критичните точки во градот. Една од специфичните локации опфатени со надзорот е улицата „Антон Панов“.

Според извештајот, на оваа локација е утврдено често фрлање на отпад од стари моторни возила, како на земјиште во приватна сопственост, така и на јавни површини. Во соработка со СВР Струмица, општинските инспектори обезбедиле материјални докази, врз основа на кои ќе следи кривичен прогон за сторителите.

Вонредните надзори биле спроведени од различни профили на инспектори со цел целосно покривање на теренот:

  • 17 надзори од страна на комуналните инспектори;
  • 14 надзори од страна на градежните инспектори;
  • 12 надзори од страна на инспекторот за животна средина.

Од Општината информираат дека врз основа на затекнатата состојба, против сите физички и правни лица кои не ги почитувале законските прописи ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Секторот за инспекциски работи најавува дека интензивните контроли продолжуваат и во следниот период. Тие апелираат до граѓаните и фирмите да работат законски и одговорно, со цел да се намали аерозагадувањето кое е акутен проблем во зимските месеци и да се зачува хигиената во општината.

Екипата на „Моја Струмица“ со силна поддршка за инспекциските служби на Општина Струмица, особено во областа на аерозагадувањето и сугестија за непристрасно постапување.

Извор:
Веб страната на Општина Струмица