Драги Котуровиќ – Независен кандидат за градоначалник

Човекот со кого најлесно договоривме интервју и кој влева надеж дека навистина секогаш ќе е достапен.

8 мин. читање
  1. Зошто се кандидирате за градоначалник?

За да ги изгонеме арамиите од апашките места.

  1. Зошто баш вие? Која е вашата најсилна страна?

Се спротивно од нив. Се што може ќе направам за народот. Јас се кандидирам заради народот.

  1. Што е првото што сакате да го направете?

Најпрво да влезам во општинската зграда за да можам да ги изгонам арамиите и неработниците.

  1. Што најмногу ве радува во градот, а што најмногу ве провоцира?

Ме провоцира секоја глупост што ја прават, се што е открадено за пари, напавено стубчиња или било што со многу пари а воопшто непотребно. Ме радува кога е чисто, кога фонтаните на булеварот работат исл.

  1. Како го минувате денот, каде може да ве сретнеме во градот?

Секаде ме има, низ кафичи, кафани, комарџилници, буквално секаде ме има.

  1. Дали ви сметаат дупките по тротоарите и недостигот на тротоари?

Ми смета, се што не е убаво и мене ми смета.

  1. Што конкретно ќе направете за загадениот воздух?

Не знам точно што може да се направи, ама ова ќе го средуваме од кога ќе влеземе. Ако дозволат условите ќе направеме се за да се среди да се исчисти и да се забрани загадувањето.

  1. Што конкретно ќе направете за лошата вода и ќе поведете ли постапка за одговорните за квалитетот на водата? Како ќе го гарантирате квалитетот?

Водата е добра сега. Имаме една од подобрите води во Македонија.

  1. Дали ги знаете вашите обврски како градоначалник и кажете кои се најважните според вас?

Да се гледа интересот на градот. Да се спроведува добра урбанизацијата на градот и да се следат потребите на народот, а не само да се седи во канцеларија и да се ужива.

  1. Што конкретно ќе направете? Кажете неколку точки, за коишто ќе ве држиме за збор.

Се што можам за народот да помогнам ќе помогнам, подобрување на патиштата во селата и градот. Прво мора да се види каква е моменталната состојба во општината, да се види дали има услови за работа како прво, оти не се направи пат ако се нема пари. И нормално тендерот ќе се дава на некој што бара 50 000 евра, а не на тој што бара 1 000 000 евра, за 950 000 да се стават во џеб – тоа не е правилно.

  1. Што ќе направете за недостигот на паркинг места и парќирањето на тротоарите?

Ова треба да се провери. Слободните и неискористени места под градот треба да се средат и да служат како паркинг места. Пример во близина на техничкото школо има државно земјиште неискористено, а луѓето се оставени да паркираат кој каде најде. И такви места во градот има доволно кои може да се искористат за паркинзи или за уредување на паркчиња. Затворен е цел град, луѓето неможат да се парќираат пред своите живеалишта и не останува место за никој друг.

  1. Дали ја осеќате потребата од зелена површина во градот или градењето на згради е во синхрон со вашата политика?

Струмица има доволен број на зелени површини, главен проблем имаме со одржување на зелените површини и да се додаде таму каде што фали. Треба да се среди тоа што го имаме. Може и да се додадат нови површини околу стамбените згради, зошто да не.

  1. Што ќе направите за подобрување на културата во градот? Кои културни манифестации ќе ги поддржете?

Се што е македонско, традиционално се треба да се задржи. Во зависност од сретствата во буџетот се ќе се поддржува.

  1. Дали знаете кој е најтрофејниот струмички спортски клуб? Што ќе направете за поддршка на спортот?

Многу време веќе нема спорт во Струмица. Одбојката ту ја има ту ја нема, ама се друго нема. Нема кошарка, нема ракомет, нема фудбал се отиде у пм. Од овде излегуваат таленти и ги испуштаме, а во градот немаме ни еден спорт оти се крадат парите.

  1. Хигиената во градот е на незавидно ниво, што ќе направите за подобрување на хигиената?

Ќе се реагира во “Kомуналец” за навремено збирање на отпадот, да се метат улиците, да се перат улиците особено на местата каде што стојат големите канти за отпад, а не помини покрај тоа место и “штипа на очите” особено во централното гратско подрачје. Треба да се започне и со селекција на отпад како во западните држави. Една канта за јадење, канта за пластика и канта за се останато да има пред секоја куќа и тој што не го почитува тоа да има казни.

  1. Што ќе направете за најмладите, за децата, за нашата иднина?

Игралиштето кај основното училиште Никола Вапцаров цело лето беше полно со деца, треба парковите околу стамбените згради да се уредат со играчки за најмалите да не се на патот и да не бидат опасност за сообраќајот. Дополнително ќе се барат уште вакви слободни места кои ќе се организираат за најмалите. Јас ќе сум цел ден надвор со народот и не планирам да седам во канцеларија. Ќе ги знам потребите на народот и од секој поединечно да разберам како може да се подобри градот. Народот не избира и треба да бидеме со народот, а не како сите други од избори на избори се само со народот.

  1. Дали планирате јавни трибини со вклученост на експерти и јавноста од областа на менталното здравје на населението, подигнување на еколошката свест и сл.

Се што е потребно се ќе се направи, СЕ! Се што е добро за граѓаните на Струмица се ќе се направи.

  1. Дали имате идеи за овозможување на инфраструктура за приватниот сектор како би дошло до отварање на нови работни места?

Има многу работа за ова, и не само за приватниот сектор. Канализационата мрежа од св. Петнаесет па се надоле мора да се среди. Неможе ние да сонуваме дека ќе направеме езерце на река Тракајна каде со еден посилен дожд се ќе се уништи, а проблемите во градот каде што се поплавуваме од исти такви дождови да ги занемаруваме.

  1. Дали ќе сте достапни за сите граѓаните и по 19-ти октомври доколку бидете избрани?

Во секое време! Во 12 навечер ако треба, како до сега така и од сега.

  1. Дали ќе испиете кафе со стариот градоначалник?

Со Коста ќе испијам и две кафиња, јас го почитувам како човек, а кој што правел тоа си е негов проблем.