,,Викот” – Го знаете тоа чувство?

1 мин. читање

Дали некогаш сте застанале насред улица, со илјада мисли во главата, чувствувајќи се целосно преоптоварени, а сепак никој околу вас не забележува?

Токму тоа чувство Едвард Мунк го овековечил засекогаш во едно од најпрепознатливите дела во историјата на уметноста.

,,Викот” или ,,The Scream” (1893) е насликана од норвешкиот сликар Едвард Мунк и постојат неколку верзии, а најпознатата се чува во Националната галерија во Осло.

Изразот на фигурата – раце на лицето, отворена уста, искривено небо во позадина – не е случаен. Мунк самиот опишал момент кога прошетувајќи, одеднаш почувствувал ,,бесконечен крик што минува низ природата”, и токму тоа сакал да го пренесе: анксиозност толку силна што се чини дека целиот свет вибрира заедно со тебе.

Токму затоа сликата денес е поактуелна од кога било. Во ера на постојан стрес, притисок и прекумерна стимулација, милиони луѓе се препознаваат себеси во таа фигура – некој што сака да извика, но околината продолжува со свое темпо како ништо да не се случило.

Фотографија: Едвард Мунк, “Викот”, 1893, темпера на картон, Nasjonalmuseet (Осло) – извор: Wikimedia Commons, јавен домен.

Извори:

– Nasjonalmuseet- https://www.nasjonalmuseet.no

-Wikipedia – https://en.wikipedia.org/wiki/The_Scream