Верувале или не соопштение на МВР

1 мин. читање

Министерството за внатрешни работи уште еднаш ги фасцинира граѓаните со своите капацитети, претставувајќи соопштение во кое главно потврдува дека не знае како Ива Михајлова ја напуштила државата, за која, инаку, е во сила активна судска забрана. По извршените „детални“ проверки во сопствениот систем за гранична контрола, МВР гордо утврди дека нема евидентиран излез од Македонија. Во недостиг на сопствени одговори, помош се бараше и од бугарската гранична полиција преку Заедничкиот контакт-центар, од каде соопштија дека лицето нема евидентиран легален влез ниту кај нив. Единственото нешто што полицијата успеа да го ископа е дека Михајлова последен пат легално влегла во Бугарија во септември 2025 година, а се вратила во Македонија во октомври истата година, оставајќи ги институциите во целосен мрак за тоа како некој под судска забрана едноставно „исчезнува“ за органите на прогонот.

Граѓаните со потсмев реагираа на оваа несериозна објава на МВР, а богами не се штедеа и на зборовите. Еве како реагираа граѓаните на официјалната објава на Facebook страната на МВР.